top of page

 

                  ПРОТИВПОЖАРЕН КУЌЕН РЕД

 

 

ОПАСНОСТИ ОД ПОЖАР ВО СТАНБЕНИТЕ ОБЈЕКТИ ПОРАДИ

 

 - Неисправна електрична инсталација

 

 - „Калемење“ на електричните осигурувачи

 

 - Неисправни електрични апарати и уреди

 

 - Невнимателно користење на електрични, плински и други уреди при подготовка на храна

 

 - Невнимателно гаснење на запалки, догорчиња од цигари и друго, и палење на оган и цигари на скалите и во подрумите

 

 - Оставање на извори на отворен оган на дофат на мали деца

 

 - Чување запаливи течности и гасови

 

ВО СЛУЧАЈ НА ПОЖАР ТРЕБА ДА СЕ ПРЕВЗЕМЕ СЛЕДНОТО

 

Електричната инсталација веднаш се исклучува од напојување со електрична енергија

 

Електричнте апарати и уреди не се гасат со вода

 

За гаснење на пожар се користат противпожарни апарати, ѕидна хидрантска мрежа, прирачни средства и слично

 

Запалено масло не се гасне со вода, туку се покрива со капак, со влажна ткаенина или се посипува со брашно

 

Запалени предмети од дрво, текстил и слично може да се гаснат со вода

 

МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ ВО СТАНБЕНИТЕ ОБЈЕКТИ

 

 - Електричната инсталација да биде изведена според техничките стандарди и нормативи и да се користи според стандардизирани         постапки, по можност да се инсталира „ФИ“ склопка

 

 - Електричните осигурувачи да не се „калемат“ туку да се заменуваат со нови

 

 - Да се користи еден апарат по штекер, а по употребата да се исклучи доколку се осети миризба на пластика или загревање на кбаелот ; на продолжни кабли со или без прекидач во никој случај да не се вклучуваат грејни тела или радиотори ( продолжните кабли не смеат да се оптоварат со сага поголема од 1.2КВА - просечна греалка малечка има моќност од 2 КВА)

 

 - Уредите за гасот кој се користи во домаќинството постојано да се во исправна состојба и да се користат според упатствата на        производителите, на начин да не се предизвика пожар или експлозија

 

 - Противпожарните хидранти постојано да се исправни и подготвени за употреба (не постојат во зградата !!! )

 

 - Противпожарните скали и премини за евакуација во секое врема да бидат слободни

 

 - Паничното осветлување на ходниците постојано да е исправно ( не постои во зградава)

 

 - Да не се оставаат извори на отворен оган на дофат на мали деца

 

 - Пристапот до зградата за противпожарните возила постојано да биде слободен

 

УПАТСТВА ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ВО СЛИЧАЈ НА ПОЖАР ВО СТАНБЕНИТЕ ОБЈЕКТИ

 

 - Во случај на пожар прво се врши евакуација и спасување на загрозени лица

 

 - Втора постапка е проценување на можноста за гасење на пожарот и пристапување кон гасењето

 

 - За пожарот веднаш се известуваат соседите, најпрвин од погорните катови, а потоа од другите, поради нивна евакуација на безбедно место

 

 - Ако во објектот има неподвижни лица и мали деца, веднаш се пристапува кон нивна евакуација

 

 - Лицата кои се заобиколени од пожарот и не можат сами да се евакуираат, чекаат на безбедно место (балкони, прозори и друго) да бидат спасени од противпожарната служба

 

 - За евакуација се користи најбезбедниот пат, главните скали, противпожарните скали, излези и премини

 

 - Во случај на пожар лифтовите не се користат (ние немаме лифтови , но чисто за потсетување )

 

 - При напуштање на домовите, влезните врати и прозорците треба да бидат затворени

 

 - За заштита на дишните органи во зачаден простор се користат влажни марами и крпи

 

 - При евакуација во услови на пожар движењето на лицата секогаш е во наведната положба, покрај ѕидот

 

 - По пристигнувањето на противпожарната единица на местото на пожарот сите активности за гаснењето и за евакуација на луѓето и на имотот се вршат под нејзино раководство

 

 

 

 

СОВЕТ : ПРИ ПОЖАР НАСТАНАТ ВО КУЈНА НИКОГАШ НЕ ФРЛАЈТЕ ВОДА НА ОТВОРЕН ОГАН, ЕДНОСТАВНО САМО ПОКРИЈТЕ ГО  СО НЕКОЈА КРПА ИЛИ ПОГОЛЕМА ПРЕКРИВКА - СО ТОА ЌЕ ГО НАМАЛИТЕ ДОТОКОТ НА КИСЛОРОД

 

 

bottom of page