top of page

ЧУДЕСНИТЕ

КАЛИНКИ

 

ЧУВАР НА

ВАШЕТО

ЗДРАВЈЕ

Калинките имаат фантастични особини од кои вашето здравје и убавина ќе имаат бенефиции. Тие се вкусни и необични. Можете да ги користите како дотакот во салати, со ориз во јадењата, во јадења со месо, во пијалаци, со јогурт и да пиете сок од калинка. Во калинката има над 100 парченца , и содржи околу 100 калории, што го прави совршена нискокалорична ужина за тие на диета. Калинките, исто така, ќе помогнат да се одбегнат голем број на сериозни болести, вклучувајќи рак и срцеви заболувања. Погледнете ги некои од најдобрите причини за да ја додадете калинката во вашата исхрана.

 

1. Калинките ќе ви помогнат за да се намали лошиот холестерол

Калинки се полни со моќни антиоксиданси кои помагаат да се намали лошиот холестерол, го намалуваат високиот крвен притисок и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Најдобро е да ја јадете калинката или да ја додадете  на здравите оброци, вклучувајќи салати и пијалаци.

 

2.Калинки содржат малку шеќер

Шеќерот е одговорен за многу болести, вклучувајќи срцеви заболувања, рак, дебелина, дијабетест и проблеми со кожата. Од суштинско значење е да се ограничи потрошувачката на шеќер или елиминира од вашата исхрана засекогаш. Повеќето овошја се богати со шеќер, но калинките содржат многу малку шеќер, што значи дека тие се добри за вашиот шеќер во крвта. Половина чаша од калинка содржи само 8 грама шеќер и 70 калории.

 

3. Калинката ќе ја зголеми вашата функцијата на мозокот

Поради високиот процент на антиоксиданси, калинките ќе ви помогнат за подобрување на вашата меморија, когнитивната способност и невролошките функции. Тие, исто така може да го намалат ризикот од Алцхајмерова болест и може да биде корисни за луѓето со оваа болест.

4. Калинките ќе ви помогнат да се намали високиот крвен притисок

Истражувањата покажуваат дека калинките можат да помогнат во намалување на високиот крвен притисок. Тие се особено корисни за луѓето со хронично висок крвен притисок. Цедниот сок има висока содржина на антиоксиданти и има добар ефект на ѕидовите на артериите.  Ако страдате од висок крвен притисок, консултирајте  го вашиот лекар за калинките и неговото мислење за нив.

 

5. Калинки има својства за намалување на стареењето

Калинките се познати по нивната фантастични својства против стареењето . Инкорпорирање на повеќе калинки во вашата дневна исхрана ќе помогнат во борбата против брчките и ќе изгледат многу помладо. Всушност, калинките содржат моќен антиоксиданс полифенол, кој помага во спречување на знаците на стареење. Тоа звучи како добра причина за да додадете неколку калинки во вашата салата или јогурт денес!

 

6. Калинките помогаат да се запре или намали растот на клетките на ракот

Се разбира, зеленчукот  и овошјето не може да го излечат ракот, но тие може да го запрат растот на клетките на ракот. Калинката е еден од најдобрите плодови кои можат да ви помогнат во спречување на рак, ако тие се јадат и пијат како сок редовно. Додадете неколку парченца од калинка во вашиот утрински витамински пијалак .

 

7. Калинки имаат анти-воспалителни својства

Јадењето калинки помага во намалување на воспалението и борба против симптомите на артритис. Ова овошје, исто така, може да го спречи распаѓањето на 'рскавицата и тие се апсолутно добри за вашите зглобови. Поради своето големо својсво во анти-стареењето, калинките  им помогнат на вашиот зглобовите да останат млади и здрави. Исто така, цедниот  сок може да помогне да се намалат болките во зглобовите.

 

8. Калинките ќе го  зголематвашето  расположение

Следниот пат кога ќе сте лошо расположени, грицкајте неколку парчиња од свежа калинка  или напијте се една чаша свеж сок од калинка, и вие ќе се чувствувате многу подобро. Калинки помогнат во зголемувањето на нивото на серотонин во мозокот кој  го контролира расположението, па дури и може да спречи депресија и анксиозност. Кога не сте добро расположени,  додадете темно чоколадо и парченца калинка во вашата исхрана.

Можете да јадете калинки од почетокот на зимата до доцна пролет и да уживате во цедениот сок во текот на годината, но не купувајте сокови кои содржат шеќер.  Постојат многу други здравствени придобивки од јадење калинки, и овие се некои од најдобрите.

 

 

Текстот е преземен и преведен со одобрение од Lifestile & Life , Април 2015

bottom of page