top of page

 

УРБАНА ЗАЕДНИЦА

 

 

Тафталиџе 1

 

Самостоен референт во областа на месната самоуправа

 

Вера Пенова 

 

тел.072/209-685

 

mail: taftalidze1@karpos.gov.mk

 

Адреса: ул.Букурешка бр.2

 

 

 

 

ИЗВРШИТЕЛ

ПРИСИЛНАТА НАПЛАТА НА ДОЛГОВИ ОД  ДОЛЖНИЦИ Е ПРИЛИЧНО ЕДНОСТАВНА.

 

1. ПРВ ЧЕКОР - ДО НОТАР СЕ ПОДНЕСУВА ПРЕДЛОГ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ РЕШЕНИЕ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ

 

2. ВТОР ЧЕКОР - ДО ИЗВРШИТЕЛ СЕ ПОДНЕСУВА БАРАЊЕ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕТО 

 

3. ТРЕТ ЧЕКОР - ИЗВРШИТЕЛОТ ПРИСИЛНО ГО НАПЛАТУВА ДОЛГОТ

Почитувани комшии :

 

Во случај да имате ненамерени обврски кон куќниот совет постари од

   - 30 денови ќе добиете известување по емаил од адресата opomena_kuken_sovet@usa.com

   - 45 денови ќе добиете прво предупредување писмено на ваша адреса по пошта (препорачано ) цената на чинење изнесува 150 денари ( цената на поштарина и материјаните трошоци што произлегуваат ) , и истата ќе му биде наплатена на должникот

   - 60 денови ќе добиете второ предупредување писмено на ваша адреса по пошта (препорачано ) цената на чинење изнесува 150 денари ( цената на поштарина и материјаните трошоци што произлегуваат ) , и истата ќе му биде наплатена на должникот

   - 90 денови ќе добиете известување за покренување на присилна наплата преку извршител и ќе биде испратено барање до нотар и извршител за присилна наплата при што ќе се генерираат низа од трошоци , и истите ќе му бидат наплатена на должникот.

 

 

Секој што сака да добие картица за своите долгови може да испрати емаил на prigovori@usa.com

 

Секој  што не се слага со своите долгови го молам да испрати препорачано писмо до ЗС Бул. Партизански Одреди 87/2 !000 Скопје,

 

и истиот ќе биде разгледан од Претседателот и членовите , по што ќе ви се испрати одговор .

 

 

Прочистен текст од произнесување за случај на ненаплатени долгови кон Заедница на станари

 

                  

       Врховен суд на Република Македонија

 

Предмет : Побарување надомест за тековно одржување на заеднички простории

 

 

Побарувањата што произлегуваат од тековно одржување на заеднички

простории во станбен објект се сметаат како повремени побарувања кои

застаруваат во рок од 3 години од доспеаноста на секое поодделно

побарување.

 

Од причина што во членот 378 од ЗОО таксативно се наброени услугите за

чие ненаплаќање рокот за застареност изнесува 1 година, а меѓу кои не спаѓаат и

трошоците за тековно одржување на заедничките простории во станбен објект.

Ова особено што за сите тие услуги е својствено што истите ги вршат јавни

претпријатија, а во случаји се работи за друг правен субјект -куќен совет на

 зграда кој со одлука определил плаќање на овие трошоци што пак значи дека станува

збор за облигационо правен однос помеѓу куќниот совет и станарите на зградата.

 

По наоѓање на овој суд, во конкретниот случај се работи за повремени

побарувања кој согласно со член 372 од ЗОО застаруваат за 3 години.

 

Одлука на Врховниот суд на Република Македонија

 

Едногодишен рок на застареност

 

Член 367

 

(1) За една година застаруваат:

 

    1) побарувањето на надомест за испорачана електрична и топлотна енергија,

гас, вода, за оџачарски услуги и за одржување на чистота, кога испораката, односно

услугата е извршена за

потребите на домаќинството;

 

    2) побарувањето на радиостаница и радио телевизиска станица за употреба на радио - приемник и телевизиски приемник;

 

    3) побарувањето на пошта, телеграф и телефон за употреба на телефон и на поштенски преградоци, како и другите нив ни побарувања што се наплатуваат во

тримесечни или во пократки рокови и

 

    4) побарувањето на претплата на повремена        публикација, сметајќи од истекот за

времето за кое е нарачана публикацијата.

 

(2) Застарувањето тече иако се продолжени испораките или услугите

 

Побарувања спрема деловно неспособни лица и нивните побарувања

Член 374

  (1) Застарувањето тече и спрема малолетник и друго деловно неспособно лице,без оглед на тоа дали имаат законски застапник или не.

(2) Застарувањето на побарувањата на малолетник кој нема застапник и на друго деловно неспособно лице без застапник не може да настапи додека не ќе изминат две години откако станале наполно деловно способни, или откако добиле застапник.

(3) Ако за застареност на некое побарување е определено време пократко од две години, а доверител е малолетник која нема застапник на некое друго деловно неспособно лице без застапник, застарувањето на тоа побарување почнува да тече од кога доверителот станал деловно способен или од кога добил застапник.

bottom of page